Втора победа во низа за Металург во СЕХА лигата

Од:

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург ја оствари втората победа во регионалната СЕХА лига, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го совлада Нексе со 29:22.

Металург клучната разлика ја направи во втората половина од првото полувреме и на пауза отиде со плус пет (15:10), водство кое се покажа недостижно за гостите од Хрватска. Нексе во вторите 30 минута успеа само да се доближи до минус два, но македонскиот тим не дозволи целосен резултатски пресврт, заигра поагресивно и на крајот забележа убедлив триумф.

Најефикасни во тимот на Металург беа Жарко Пешевски и Вања Илиќ со по шест гола, Дарко Арсиќ на голот на Металург забележа девет одбрани.

По 3.коло Лидер на табелата е Вардар со максимални три победи, Металург е на делба на втората озиција со Прешов и со Цеље со биланс од две победи и еден пораз.

Би можело да ве интересира

Вардар нема да оди на шеста СЕХА титула по пенал-драмата со Нексе

Вардар: Изборивме место на Ф4, СЕХА реши да не исфрли поради позитивен случај

А1он

Вујовиќ по исфрлањето на Вардар од Ф4: Срамна одлука на СЕХА

СЕХА потврди, Вардар нема да игра на „Фајнал фор“

А1он

Поради позитивен ракометар на коронавирус, Вардар најверојатно нема да игра на Ф4 во СЕХА

А1он

СЕХА: Еурофарм Пелистер елиминиран во четвртфиналето