Северна Кореја ги поправи штетите предизвикани од поплавите во нејзиниот нуклеарен центар и може да изврши ново нуклеарно тестирање, соопшти американско-јужнокорејскиот Институт при Универзитетот Џон Хопкинс.
Експертите од Институтот се повикуваат на сателитски снимки изработени на 13 декември, ден по успешно изведениот ракетен тест на Северна Кореја.
Ако Пјонгјанг донесе одлука за нов нуклеарен обид, тогаш тој може да биде извршен во рок од две недели.
Северна Кореја изврши две нуклеарни тестирања во октомври 2006 и мај 2009 година. Двете ракетни истрелувања беа неуспешни.
Сателитските снимки покажуваат дека режимот го дрижи во состојба на готовност објектот во провинцијата Северен Хамген, каде се извршени претходните две тестирања.