Шидло: Полска нема да ја промени миграциската политика и покрај одлуката на Европскиот суд

Од:

Полска и во иднина нема да прима мигранти по квотите за нивна распределба, као што предвидува планот на Европската унија, и покрај одлуката на Европскиот суд на правдата дека Брисел има право да ги принуду земјите-членки да ги прифатат азилaнтите, изјави денеска полската премиерка Беата Шидло.

– Бев сигуна дека судот ќе донесе ваква одлука, но тоа апсолутно не го менува ставот на полската Влада во врска со миграциската политика, нагласи Шидло.

Иако првично Варшава гласаше „за“ планот за квоти, земјата потоа силно се спротивстави на таа шема откако десничарска Влада дојде на власт во Полска.

Во јуни Европската комисија покрена правна акција против Полска и Унгарија бидејќи не примија ниту еден барател на азил, како и против Чешка бидејќи престана да прима мигранти.

Претходно денеска, Европскиот суд на правда ја отфрли жалбата на Словачка и Унгарија против европската миграциска политика, потврдувајќи го правото на Брисел да бара од земјите-членки да примаат азиланти.

Судот донесе пресуда дека Унијата има право да им наметне на националните влади да примат бегалци, главно од Сирија, врз основа на претходно дадените квоти.

Програмата, изготвена од Европската комисија, беше усвоена со мнозинство гласови од земјите-членки, и покрај спротивставувањето на поранешните комунистички земји, кои инсистираат на тоа дека во нивните општества не можат да интегрираат муслимански мигранти.

Со планот е предвидено преселување на 160 илјади азиланти, од кои досега се преместени само 25 илјади.

Унгарија, Словачка и Германија реагираа на денешната одлука на Европскиот суд на правдата.

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто ја оцени како „запрепастувачка и неодговорна” одлуката на Судот на ЕУ.

Словачкиот премиер Робер Фицо наведе дека, Словачка ја прифаќа пресудата на Судот на ЕУ за отфрлање на заедничката жалба со Унгарија за миграциската политика на ЕУ, но нема да ја промени негативната позиција за бегалските квоти.

Германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел ја поздрави одлуката на Европскиот суд, нагласувајќи дека очекува сите европски партнери да се придржуваат до одлуката и веднаш да го применат договореното.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина