Су Чи негира дека владата на Мјанмар ги прогонува муслиманите

Од:

Добитничката на Нобелова награда за мир Аун Сан Су Чи која е неформален лидер на Мјанмар, ги отфрла обвинувањата за насилство врз муслиманското малцинство на Рохините, кои се населени во провинцијата Рахине и тврди дека владата во Јангун ги „заштитува сите луѓе во оваа провинција“.

Су Чи, која по воената диктатура ја предводи ова земја во Југоисточна Азија, но поради тоа што била мажена за странец не може формално да биде претседател или премиер, реагира со контра-обвинување во кое вели дека критиките врз владата во Јангун, практично, ги промовираат интересите на терористите.

Нејзината реакција која ја пренесуваат локалните медиуми, била изнесена во текот на телефонскиот разговор што таа го имала со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Поради судирањата во оваа северозападната провинција, само во изминатите две недели околу 123 илјади лица пребегале од Мјанмар во соседниот Бангладеш.

Рохините се муслиманска етничка заедница кои немаат своја држава и се прогонувани во Мјанмар, каде не се прифакаат како малцинство туку само како бегалци кои се населиле на таа територија.

Аун Сан Су Чи која за нејзината повекедецениска борба за демократија во земјата ја доби Нобеловата награда за мие, сега е остро критикувана што не реагира на насилството и прогоните кои ги спроведуваат безбедносните сили на Мјанмар и бандите од локалните припадници на будистичката заедница.

Критичарите во меѓународната заедница тврдат дека Рохините се изложени на насилствто само за да се натераат да заминат од земјата.

-Ние како влада започнавме да ги заштитуваме сите луге во таа провинција (Рахине) на најдобар можен начин, изјавила Су Чи, обвинувајќи дека се користат „лажни фотографии и лажни вести“ со цел да се создадат проблеми и нетрпеливост меѓу разните етнички заедници.

Би можело да ве интересира

Тајфунот Јаги усмрти најмалку 74 лица во Мјанмар

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска