Втора победа за Вардар во новата сезона од СЕХА лигата

Од:

Ракометарите на Вардар, кои се актуелни шампиони во СЕХА лигата попладнево ја постигнаа и втората победа во ова натпреварување откако на домашен терен го совладаа словенечкиот тим Горење со 32:19 (12:11).

На денешниот натпревар поради повреда не играше Лука Циндриќ, а меѓу подобрите на теренот беше Игор Карачиќ.

Во првиот дел Горење даваше силен отпор на „црвено-црните“, но во второто полувреме европскиот првак беше на вистиското ниво и стигна до убедлива победа. Најефикасен кај Вардар беше Иван Чупиќ со пет голови.

Вардар следниот натпревар од СЕХА лигата го игра во петок на домашен терен со Мешков Брест, додека утре во рамките на 2.коло Металург гостува кај Динамо Панчево.

Би можело да ве интересира

Вардар нема да оди на шеста СЕХА титула по пенал-драмата со Нексе

Вардар: Изборивме место на Ф4, СЕХА реши да не исфрли поради позитивен случај

А1он

Вујовиќ по исфрлањето на Вардар од Ф4: Срамна одлука на СЕХА

СЕХА потврди, Вардар нема да игра на „Фајнал фор“

А1он

Поради позитивен ракометар на коронавирус, Вардар најверојатно нема да игра на Ф4 во СЕХА

А1он

СЕХА: Еурофарм Пелистер елиминиран во четвртфиналето