Со „заштитениот сведок“ утре ќе се спасува процесот „Ровер“

Од:

Судскиот предмет за убиството на Марјан Тушевски нема никаква основа, а најмалку докази. Единствено, обвинението сега ќе се спасува со заштитен сведок, што му дава морбидна и политичка димензија на целиот процес.

Во денешниот исказ, Никола Негриевски, началникот на следење на МВР,  кажа дека никогаш не добил наредба за ликвидација за Марјан Тушевски, туку имал наредба од Бошкоски да го следат Тушевски за рекет и доколку имаат докази да го уапсат. Според него, немало никакво прикривање на траги и уште тогаш биле преземени сите мерки за откривање на убијците.

Истото го кажа и Бошкоски на испитувањето, дека имало многу поплаки за Тушевски дека рекетира но и дека бил следен и од претходната постава на Министерството за внтрешни работи, односно  пред Љубе Бошкоски да стане министер.

Утре треба да настапи заштитениот сведок, за кој одбраната тврди дека е лажен сведок, инструиран и платен од власта. Тој во текот на истрагата кажа дека „слушнал“ од Орце Коруновски дека Бошкоски им дал дозвола  да биде елиминиран Тушевски.

Овој заштитен сведок не знае кога било тоа, а во изјавата тврди дека со Орце Коруновски биле кај Бошкоски дома.

Екс министерот уште на претресот ваквото обвинение и сценарио го прогласи за монструозно и политички нарачано. Тој кажа дека додека бил министер е лудо да помисли некој дека криминалци ќе шетаат по неговата куќа, па и уште од таму да им дава наредби.

Бошкоски и одбраната побараа да не се случи како минатиот пат, јавноста и медиумите да бидат исфрлени од судницата како со заштитениот сведок за „Кампања„, врз чиј исказ беше осуден екс министерот и лидер на ОМ.

Додека сведочеше на мониторот не се гледаше ниту силуета, а единствена гаранција дека е заштитениот сведок даде судијката која го осуди Бошкоски, а потоа беше унапредена во Апелациониот суд.

Адвокатите предупредија судот да не ги попречува во прашањата кон заштитениот сведок, но и одбраната да се увери дали воопшто има таков сведок или некој ќе чита или ќе кажува што му суфлираат нарачателите на обвинението.

Експертите предупредија дека пишување обвинение  и пресуда врз основа на изјава на заштитен сведок е преседан во судството, и на тој начин се создава лоша пракса секој да може да биде осуден за било кое дело, зашто заштитен сведок може да се најде во секое време.

Во случајот за убиството на Марјан Тушевски нема материјални докази, наводните убијци никој не ги бара ниту ги поканил на судењето, нема оружје со кое е извршено убиството, а судот после 11 години забрзано сака да донесе пресуда за наводните нарачатели и наводните помагачи  на убиството. Сето тоа според адвокатите упатува дека целиот процес е нарачан само за екс министерот Бошкоски да биде осуден и со тоа да му биде сменет профилот во убиец кој ќе треба да чека многу години за да излезе од затвор.

 

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ