Општина Демир Хисар, во рамки на празничните манифестации посветени на 2 Септември, Денот на ослободувањето на градот, денес ја одржа традиционалната „Демирхисарска џип турнеја“ на која годинава се вклучија над 500 учесници од цела држава, возачи во различни категории.
Во трката што претпладнево се одржа во Демир Хисар, најголем дел од учесниците, околу 150 неа возачи на теренски возила од сите категории, а прв пат оваа година беа вклучени 50 велосипедисти и 20 мотоциклисти од сите градови на Македонија, потврди Благој Шундовски, портпарол на општина Демир Хисар.
– Годинашната патека за возачите на теренски возила беше долга 60 километри и, по стартот од плоштадот „8. Септември“, минуваа низ Струговски езеро, крстосница за Лесково – Обедник – манастир „Св. Петар“ – Еврејка – Церово – крстосница под Вирово“ – Жван – рударско окно, потоа, Сопотница и манастир Св.Атанасиј кај Сопотница. Кај рударското окно на поранешиот рударски коп, на специјално подготвена траса, се одржа демонстрација на вешто возење и совладување на пречки со теренски моторни возила, и тоа беше атракција која се одржасе прв пат и предизвика големо внимание кај сите учесници, посочи Шундовски.
Годинашната 6. по ред „Демирхисарска џип турнеја“ се одржа во целосна организација на Здружението „Оф роуд Демир Хисар“, а под покровителство на градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски.
Со оваа атрактивна манифестација општина Демир Хисар го одбележа 2 Септември – Денот на ослободувањето на градот, истакна Блажевски на традиционалниот спортско-рекреативен настан во таа општина.
-Не верувам дека постои подобар, пооригинален и понесекојдневен начин и настан преку кој што можат да се испорачаат најубавите честитки по повод 2 Септември до сите граѓани на Демир Хисар, но и да се презентираат и промовираат природните вредности, предности и можности на општината за развој на алтернативниот туризам, посочи градоначалникот Блажевски кој како сопатник ја „извозил“ цела траса на „Демирхисарската џип турнеја“.