Во вториот квартал годинава 7.500 слободни работни места

Од:

– Во вториот квартал годинава се евидентирани над 7.500 слободни работни места. Вкупната стапка на слободни работни места во второто тримесечје оваа година изнесува 1,53 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,5 проценти), додека најмала е во „Јавната управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,04 проценти.

Деловните субјекти коишто имаат од 10 до 49 вработени се со највисока стапка на слободни работни места, од 2,14 проценти.

Југозападниот регион, пак, има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3,05 проценти.

Најголем број слободни работни места, односно 2.807, има во петтата група занимања „работници во услужни дејности и продажба“.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Бројот на слободни работни места во Словенија достигна рекордно високо ниво во вториот квартал

Драстичен пад на вработените во угостителскиот сектор во Германија

Во Хрватска сезонска плата над 1000 евра за печење палачинки

Предраг Петровиќ

Стопанството бара под итно да се изгласа ребалнсот на Буџетот

Ана Ололовска