74 години од масакрирањето на Дешка Ташева од Кавадарци

Од:

Кавадарци денеска одбележува седумдесет и четири години од масакрирањето на Дешка Ташева, истакната револуционерка родена во 1925 година во кавадаречкото село Бегниште.

Како што потсети историчарот Петре Камчевски, Ташева потекнувала од сиромашно земјоделско семејство, кое уште од почетокот го помагало народноослободителното движење.

– Во текот на 1942 година во нејзината куќа престојувала група борци-илегалци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов”. Во своето село станала член на напредното движење, а набргу и член на СКОЈ. Сите директиви на Партијата ги извршува одано и беспрекорно, нагласи Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.

Покрај другото таа пренесувала и илегален материјал и одржувала врска со илегалците.

– Иако млада, се носела со идејата да замине во партизани и да се бори против фашистичкиот окупатор. По директива на Партијата Дешка заедно со уште неколкумина младинци од своето село, заминала во партизани на 16 април 1944 година. Со својата бригада учествувала во поголем број на борби во кои се потврдила како храбар борец. Нејзината активност во работата на скоевската организација ја пренесила и во својата чета, па набргу била поставена за политички комесар, рече Камчевски.

Дешка Ташева загинала во борбата што нејзината бригада ја водела во Овчеполско, на први септември 1944 година. После борбата, германските фашисти го земале нејзиното безживотно тело и го масакрирале.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак