Колумбија: ФАРК станува партија „Револуционерни алтернативни заеднички сили“

Од:

Припадниците на поранешната левичарска група ФАРК во Колумбија формираа партија, и со гласање одлучија да се вика Револуционерни алтернативни заеднички сили, чиј акроним на шпански ќе биде повторно ФАРК.

Досегашните Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) вчера го завршија четиридневниот конгрес во Богота каде официјално беше договорено формирање на новата политичка сила. Согласно најавите, тие денеска соопштија кое име ќе го носи новата партија.

За името на новата партија, беа предложени и имињата „Надежта на народот“ и „Нова партија“.

На социјалните мрежи се појави и новото лого, на кое е црвена роза со црвена ѕвезда во средина.

Поранешните бунтовници се профилираат како левичарска коалиција, која преку работата на партијата ќе се бори против традиционалниот политички конзерватизам. Тие најавија дека ќе се фокусираат на гласовите на работниците, сиромашните фармери и градската средна класа.

Владата на Колумбија и ФАРК на 24 ноември минатата година, потпишаа историски мировен договор, со што официјално се стави крај на полувековниот вооружен конфликт.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски