Груевски го честита празникот Успение на Пресвета Богородица

Од:

„Ваше Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан,

Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Архиерејски Синодот на МПЦ-ОА, како и на сите православни верници во Република Македонија и дијаспората, од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, да Ви го честитам големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица и да Ви посакам добро здравје, спокој, радост, мир и разбирање во секој дом и во секое семејство.

Славејќи го овој празник, го славиме богоугодниот живот, добрината, смирението, скромноста и љубовта кон Бога и луѓето, за што не учи делото и примерот на нашата мајка – Пресвета Богородица.

Како народ кој столетија наназад, со неизмерна почит, го слави овој голем христијански празник, денес истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Во нашите традиционални вредности ликот и личноста на Пресвета Богородица се слика за ликот и значението на жената како мајка и столб на семејството. Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за насушно потребното човекољубиво функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат.

Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, радост, благодети, успеси и спасение за секој човек, секое семејство и целата наша држава во меѓусебна љубов и закрила на Пресвета Богородица.

Нека ни е честит и за многу години големиот празник, Успение на Пресвета Богородица!“, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус