Најмалку 32 лица загинаа, меѓу кои 11 припадници на безбедносните сили на Мјанмар, при напад на муслимански екстремисти во државата Ракине, соопшти денеска началникот на Генералштабот Мин Аунг Хланг.
– Еден војник и 10 полицајци ги загубија своите животи за земјата, напиша тој на Фејсбук, додавајќи дека во судирите, кои се уште траат, се убиени и 21 екстремист.
Екстремистите синоќа со мачети и огнено оружје ги нападнале безбедносните сили на повеќе полициски и гранични контролни пунктови.
Нападот следел неколку часа откако Советодавната комисија, предводена од поранешниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан, поднесе конечен извешатај, во кој и се предлага на Владата на Мјанмар да делува брзо со цел да се подобри економскиот развој и социјалната правда во државата Ракине и да прекине насилството меѓу будистите и муслиманското малцинство Рохингја.