САД и НАТО ќе ја прошират обуката на авганистанските сили

Од:

САД и НАТО ќе ја прошират обуката на авганистанските безбедносни сили кои учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ на Алијансата, изјави командантот на војските на САД и НАТО во Авганистан, генерал Џон Николсон.

– Поголем број советници од САД и НАТО значи зајакнување на обуката во воените училишта, истакна Николсон на прес-конференција во Кабул.

Тој исто така спомена за зголемување на воено воздухопловните сили на Авганистан и на успешните специјални сили, чија бројност се претпоставува дека ќе биде двојно поголема и ќе достигне 30.000 лица до 2020 година.

Изјавата на Николсон доаѓа неколку дена откако американскиот претседателот Доналд Трамп ја претстави новата стратегија за војната во Авганистан.

Би можело да ве интересира

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти