Либерална партија: Собирањето потписи со лични податоци не е против мигранти, туку за цели на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Либералната партија го осудува прибирањето на лични податоци како што се матичните броеви, адресите на живеење, како и други лични податоци на граѓаните кои се потпишуваат на иницијативата против мигрантите „Будење – НЕ за мигрантите во Аеродром“.

Бидејќи со државните планови не се предвидени иницијативи и мерки што ќе овозможат прием на мигранти, очигледно е дека прибирањето на овие лични податоци на граѓаните се врши со друга намера т.е. со цел да ги користи изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за да врши притисоци врз граѓаните за да гласаат за таа партија на октомвриските избори.

Ги повикуваме надлежните органи да ја спречат оваа активност а против организаторите кои ја вршат оваа злоупотреба на личните податоци да преземат соодветни законски мерки“ се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Либерална партија: Граѓаните да ја искористат можноста и на 30 септември да ја поддржат Македонија кон НАТО и ЕУ

Наум Локоски

Либерална партија: Подземјето секогаш ќе биде вознемирено кога правосудството процесуира и санкционира криминал

Наум Локоски

Либерална партија: Основен проблем на Законот за употреба на јазиците е прекршувањето на процедурата за негово донесување

Наум Локоски

Либерална партија: Акциите на МВР и надлежните органи да станат редовна пракса, не само во Скопје, туку и во целата држава

Наум Локоски

Либерална партија: Предлагаме 23 Октомври да нема статус на државен празник

Наум Локоски

ЛП: Време е да помогнеме, но и да бараме одговорност и виновници за жртвите од поплава во Скопје во 21 век

Предраг Петровиќ