Повеќе од илјада лица загинаа во изминатите две недели во поплави кои го погодија јужниот дел на Азија, а спасувачките екипи се уште се обидуваат да стигнат до милиони блокирани луѓе, соопштија индиските власти.
Илјадници војници и припадници на Службата за вонредни ситуации се распоредени ширум Индија, Бангладеш и Непал, каде од 10 август досега се пронајдени тела на 1.009 жртви.
Претставникот на Службата за вонредни ситуации, Анирдух Кумар изјави дека 11 милиони луѓе се загрозени од поплавите во 19 области на индиската држава Бихар. Околу 450.000 луѓе биле евакуирани.
Во поплавите во Непал загинаа 145 лица, а 80.000 куќи се уништени. Во Бангладеш нивото на водата во реките полека се враќа под контрола, а во земјата од водената стихија животот го загубија 137 луѓе.
ОН соопштија дека ова се најголемите поплави во последните 15 години.