Полска ја повика ЕК да ја прекине казнената процедура против неа за мигрантските квоти

Од:

Полска ја повика Европската комисија да ја прекине казнената процедура против неа заради неисполнување на обврските за прифат на мигранти, согласно квотите определени од Брисел, пренесоа британските медиуми.

„Во спротивен случај подготвени сме предметот да го отвориме пред Судот на ЕУ“, вчера преку соопштение предупреди полското Министерство за надворешни работи.

Минатиот месец ЕК ги повика Полска, Чешка и Унгарија да прифатат соодветен број мигранти, а во спротивен случај им се закани со санкции.

Полската владеачка конзервативна партија на „Правото и правдата“ повеќе пати ја критикуваше шемата на Европската комисија за преселување на барателите на азил во земјите членки на ЕУ со цел да им се олесни товарот на Италија и Грција, кои имаат проблеми со масовниот прилив на мигранти преку Средоземно Море, потсетија британските медиуми.

Полскиот министер за внатрешни работи, Мариуш Блашчак, претходно вчера предупреди дека политиката на квоти на Унијата е опасна.

„Париз, Стокхолм, Брисел, Берлин, Манчестер, Барселона”, напиша тој во соопштението, посочувајќи на атентатите на исламистите на овие места во последните помалку од две години, во кои беа убиени неколку стотици лица.

„Уште колку европски градови треба да бидат нападнати од терористите за ЕУ да се разбуди?“, запраша Блашчак.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина