ДКСК ќе поведе постапка за разрешувањето на директорот на Агенцијата за планирање на просторот

Од:

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната јавна седница донесе одлука да отвори предмет за поднесениот приговор од страна на Љупчо Георгиевски за разрешување од фунцијата директор на Агенцијата за планирање на просторот на денот на распишувањето на локалните избори – 6 август. Комисијата смета дека приговорот со кој тој го обжалува разрешувањето е основан и во согласност со членот 8, став 1 алинеја 4 од Изборниот законик.

Претседателот на Комисијата Игор Тантуровски рече дека ќе биде испратено барање до Агенцијата за планирање на просторот до нив до да биде доставена документација во врска со случајот. Агенцијата е должна до ДКСК да достави оригинални документи врз основа на кои членовите ќе расправаат, но нема законски рок до кога треба тоа да го стори.

Георгиевски во приговорот навел дека одлуката за негово разрешување е незаконито и бара таа да се поништи.

Членот на Антикопрупциска Жаклина Дамчевска, која го образложи предметот смета дека исто така треба да се земе предвид и законитоста на именувањето на новото раководно лице на оваа Агенција.

– Од приложените писмени докази јасно е дека одлуката е донесена во период на изборен режим. Согласно дадената формулација во законот тој период го опфаќа и денот на донесувањето на решението за распишување на избори во конкретниот случај 6.8.2017 година, рече Дамчевска. Последователно на тоа, според неа, е дека именувањето на новото раководно лице од страна на Управниот одбор би се случило после тој ден што исто така е незаконито. – За тоа прашање нашата комисија е исто така надлежна и не смее да се оглуши, рече Дамчевска, која предложи продолжување на постапката по овој приговор и Комисијата да побара документи од Агенцијата.

Во врска со разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески, претседателот на Антикорупциска Тантуровски одговарајќи на новинарско прашање повтори дека она што го дала Комисијата како мислење не е сега креирано, туку дека вакво мислење било креирано уште пред пет изборни циклуси од друг состав на ДКСК. – Ние само го продолживме она што Комисијата го има земано како став, рече Тантуровски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДКСК извршила директна дискриминација врз пратеникот Апасиев

Левица: Оставката на Ристовска не е личен чин туку признание по изнесените скандали од страна на Левица

Горан Наумовски

Цвета Ристовска поднесе оставка од функцијата член на ДКСК

Горан Наумовски

Левица: Ристовска врши тортура врз вработените во ДКСК

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Левица: Повеќе од еден месец молк од антикорупциска за тендерските шеми на Томовски – дали и овие докази се „изгубија“ во октоподските пипци?