Компанијата ЕЛЕМ соопшти дека од денеска до петок ќе се реализираат технички работи на 35кВ далекуводот Врбен – Бела Вода поради што се можни повремени прекини во снабдувањето со струја во периодот од 8 до 16 часот во населените места приклучени на трафостаницата Врбен.
– Краткотрајни исклучувања ќе има на 10 кВ водови Трница, Богдево и Врбен два пати по неколку часа секој ден во наведениот период. Без напојување ке бидат селата: Врбен, Трница, Беличица, Горна Волковија, Врбјани, Сенце, Нистрово, Богдево, Бродец, Кракорница, Ничпур, Стрезимир, како и Караула Стрезимир и с. Кичиница, информира ЕЛЕМ.