Три златни медали за Симоновски на пливачкиот митинг во Ниш

Од:

Младиот македонски пливач Иван Симоновски освои три златни медали на меѓународниот пливачки митинг „Св. Никола 2012“ во Ниш (Србија).

Дванаесет-годишниот Симоновски, кој е член на пливачкиот клуб „ОРКА 2012“ од Битола, на натпреварите во Ниш победи во категориите: 50 метри делфин каде и го собори националниот рекорд со време од 32.16, 100 метри делфин и 50 метри грбно. Симоновски освои и еден сребрен медал во категоријата 200 метри делфин.

На овој меѓународен турнир учество зедоа 520 пливачи од Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Грција, Србија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска