Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) вчера испратила мислење до Собранието на РМ во врска со седницата за разрешување на Марко Зврлевски.
Антикорупциска смета дека има законска пречка да се разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски откако се веќе распишани локалните избори.
Антикорупционерите појасниле дека нивната одлука е во контекст на претходно дадени мислења.
„Како и за претходните изборни циклуси ние одлучивме дека не треба да има ниту именувања ниту разрешувања по распишување на изборите. На тоа мислење остануваме и овој пат“ е ставот на ДКСК.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ испратија барање до ДКСК за мислење од Антикорупциска за тоа дали е законски да се разреши јавниот обвинител Марко Зврлевски со распишани локални избори.