(ВИДЕО) Насилникот со хебла е познат деликвент и вработен од градоначалникот на Крива Паланка

Од:

По настанот кој ги револтираше жителите на Крива Паланка, кога 31-годишниот Д.Н. со хебла претепал двајца свои сограѓани. се јавија неколкумина граѓани.

Д.Н. започнал кавка со 21-годишниот С.Ц. и 34-годишниот Г.Р. поради паркинг место. По расправијата тој ги нападнал своите сограѓани, а хеблата ја употребил против 21-годишникот кого го удрил во грбот, нанесувајќи им на двајцата тешки телесни повреди.

Напаѓачот Д.Н., велат граѓаните, е познат деликвент во Крива Паланка, учесник во повеке физички пресметки за кои има издржувано казна затвор. Вработен е во општината од сегашниот градоначалник, а хеблата е извадена од службено општинско комбе. На сликата се гледа дека и плакета добива од градоначалникот.

Тој е истиот оној кој во позната гостилница во Крива Паланка пред очите на 100-тина гости со хебла крвнички тепаше еден од нив.
Исто така беше еден од организаторите на кинењето на банерот на СДСМ во Крива Паланка на изборите во 2011.

Меѓу амбициозните партиски членови, може да се видат ликовите на Александар Георгиевски – вработен во Министерството за финансии, член на општинската изборна комисија и претседател на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.

На снимката на сега згаснатата А1 се гледа и Далибор Најденов, вработен од општината и Методија Станковски, член на Управниот одбор на Здравствениот дом во Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од тераса турнале познаник

Предметот за загадувањето на Крива Река ќе го преземе Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спасовски: Градоначалникот на Крива Паланка шири паника и манипулира пред избори

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка кривично да одговара за лагите

Горан Наумовски

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка

ДОМ: Градоначалникот на Крива Паланка да поднесе кривична пријава до обвинителство за кривично дело екоцид