Првата дама на Зимбабве, Грејс Мугабе денеска и се предаде на јужноафриканската полиција по наводите дека нападнала една жена во луксузниот кварт Сандтон, Јоханесбург.
Јужноафриканскиот министер за полиција Фикиле Мбалула претходно изјави дека очекува извештај од истражителите и оти 52-годишната Грејс може да биде уапсена.
Грејс е можна наследничка на својот сопруг, 93-годишниот претседател на Зимбабве, Робарт Мугабе.
Неименувам претставник на разузнавачката служба на Зимбабве изјави дека Грејс во Јужноафриканската Република допатувала со обичен пасош.