Генерал Хоџис: Полска е „центарот на гравитацијата“ на американските војски во Европа

Од:

Полска веќе е „центарот на гравитацијата” на американските војски во Европа, во Варшава изјави високо позиционираниот американски генерал Бен Хоџис, цитиран од француските медиуми.

Генерал Хоџис, командант на американските копнени сили во Европа, во полската престолнина кажа дека оваа земја „за САД веќе е претворена во центар на гравитацијата на сето она што го правиме во областа на возвраќањето”.

САД ги распоредија своите војници на источното крило на НАТО против Русија, забележаа француските медиуми.

– Стотици американски војници секој ден тренираат на различни места низ цела Полска заради огромната важност на нејзината местоположба, изјави генерал Хоџис. Тој увери дека земјата игра „лидерска улога“ во НАТО.

Американската армија во мај создаде нов штаб во Полска, што соодетствува за околу 6.000-те нејзини војници, кои од почетокот на годината учествуваат во операциите на Алијансата и на САД во Источна Европа, потсетуваат француските меидуми.

Ова распоредување е едно од најголемите за американските вооружени сили во Европа по завршувањето на Студената војна, и за цел го има смирувањето на сојузниците во најисточниот дел на континентот, што стравуваат од честите руски воени маневри во близина на нивните граници и од конфликтот во Украина.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија