ФОТО: Девојка повредена во Кочани на протестот на опозицијата

Од:

Денеска во 18:00 часот беше поставена блокада на крстосницата на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани (Ленинова).

Имаше присуство на полицијата уште од почетокот на протестот. По изминати 10 минути автомобил Фиат Пунто кој беше паркиран пред толпата народ, го стартуваше возилото и со него влета во толпата луѓе и прегази една девојка.

Откако се случи овој немил настан луѓето истрчаа накај автомобилот и го блокираа да не повреди и други лица, лицето кое управуваше со возилото излезе од истото и почна да нафрлува погрдни зборови и се обиде да ја испровоцира масата.

Полицијата интервенираше и му ја одземаа возачката дозвола на лицето што управуваше со возилото.

Девојката која беше повредена се онесвести и беше однесена во градската болница.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно