Дваесет тони јајца загадени со инсектицидот „фипронил“ од Белгија се продадени во Данска, соопшти националната служба за безбедност на храна.
– Данската фирма Данаег продактс добила вкупно 20 тони јајца од белгиски извозник. Јајцата биле продадени претежно на кефеани, кафетерии и кетеринг фирми и најверојатно не биле продавани во големи количини на трговци на мало, соопшти службата.
Тие тврдат дека јајцата не се опасни за конзумирање.
– Анализите покажуваат дека траги од фипронил има во тие јајца, но не се на ниво штетно за човечкото здравје, соопшти данската служба.