Новиот центар во Кавадарци ќе добие пазар

Од:

Новиот центар во Кавадарци ќе добие покриен пазар. Како што информираше кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, во изминатиот период за таа цел, во три фази се уредуваше просторот, а во тек е третата и последна фаза од проектот.

– Сега во тек е издавањето на градежната дозвола на веќе избран изведувач. Поради изаборите работите беа малку успорени. Таму веќе се направени првични активности од страна на Комуналното претпријатие кое има изработено тезги. Потребно е да се стави ограда и да се изврши покривање, а до 15 август очекувам и комплетно да бидат завршени работите, соопшти Панов.

Новиот пазар треба да функционира секојдневно, а не само во пазарни денови, како градскиот зелен пазар. Можно е да биде отворен и во ноќните часови.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак