Кралицата Елизабета Втора секој ден пие по четири алкохолни пијалаци, што според стандардите на британското здравство тоа ја прави алкохоличарка.
Таа секогаш пие иста доза и исти пијалаци. Нејзиното висичество пред ручек пие коктел од џин и дубоне со лимон и мраз, со ручекот чаша вино, а навечер чаша суво мартини и една чаша шампањ.
Но, кралицата никогаш не пие на празен стомак. Откако ќе се разбуди јаде кекс со чај, а доручкова овошје и житарки со млеко. Некогаш јади и кајганa со чаден лосос.
За ручек јаде воглавно зеленчук и месо, а потоа чоколада.
Кралицата Елизабета не сака лук и тој е забранет во целата палата.
Таа е многу страствена. За време на посетата во Австралија во 1954 година се расправала со нејзиниот сопруг принцот Филип, и фрлала чевли по него. Подоцна се извини за своето однесување, наведуваjќи оти тоа „се случува во сите бракови“.