Министерот за внатрешни работи на Германија Ханс-Петер Фридрих ја бранеше владината политика кон азилантите и предупреди дека сириските азиланти мораат да имаат предност пред, како што кажа, азилантите од сигурните земји, како Србија и Македонија.
– Ние мораме за сириските бегалци да имаме подготвени капацитети и нив не смеат да ги заземат барања од оние кои доаѓаат од сигурни земји, како Србија и Македонија, рече германскиот министер во божикното интервју за весникот „Берлинер моргенпост“, нагласувајќи дека во Германија има ограничени капацитети за прием, финансиски средства, но и интеграциски можности на општеството.
– Правиме се за оние кои навистина се прогонети да им дадеме шанса овде да почнат нов живот, рече Фридрих и предупреди дека затоа треба да „им се стави граница“ на оние кои прават злоупотреби.
Германија, според мислењето на министерот, може да ги преземе само оние азилнати кои на тоа имаат право според важечкото законодавство и мора да има подготвени капацитети за сириските бегалци.
Фридрих, заради големиот број барања за азил од Србија и Македонија, се залагаше за ставање на проверка на безвизниот режим, заради што, како што потсетуваат германските медиуми, беше цел на критика на опозицијата и црквата. с