ОН почна со преместување на оружјето на колумбиските бунтовници

Од:

ОН почна со преместување на контејнерите со над 7.000 парчиња оружје од зоните за демобилизација, каде тие беа предадени од поранешните борци на најголемата бунтовничка организација во Колумбија, соопштија американските медиуми.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека операцијата за преместување на оружјето го означува крајот на прекинот на огнот, почнат во јуни 2016 година.

Околу 7.000 членови на Револуционерните вооружени сили на Колумбија на крајот на јуни завршија со предавање на своето лично оружје.

Предвидено е ова оружје да се претопи и искористи за создавање на три споменика.

Во вооружениот конфликт во Колумбија, што траеше над 50 години, животот го загубија најмалку 250.000 лица, додека 60.000 се водат како исчезнати.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски