ВМРО-ДПМНЕ: Уште колку роднини и партиски војници ќе влезат со новиот оглас од 30 лица на СЈО?

Од:

„СЈО со денови молчи за распишаниот оглас за нови 30 вработувања во оваа институција која е партиска испостава на СДС.

СЈО со годишен буџет од 4 милиони евра, за кои нема прецизни информации колку и ккао се троши, ги вдомува исклучиво партиските експоненти на СДС, нивните деца или внуци или блиски роднини на самите обвинители во оваа месна организација на партијата на власт.

Со тие пари се покриваат вработувањата на Берниса Рахиќ, ќерката на Есад Рахиќ поранешен функционер на СДС, Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник од редовите на СДС, Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка, Ѓорѓи Камчев кој според објавените информации, активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција и уште десетина други активисти на СДС или нивни деца.

Впрочем изминатиот период јавноста зборуваше дека во СЈО се вдомија и Елена Јосифовска, ќерка на една од обвинителките во СЈО, а вработен е и Владимир Миладиновски, дел од нејзиното семејство. Вработување добија Љупчо Чучурски од Берово роднина на обвинителот Гаврил Бубевски, Борче Трајковски, познат како Боки Бургија близок до СДС, па дури и Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки, но што е поважно внук на шефицата на таа институција Катица Јанева.

Ова е вистината. Парите безмилосно и неодговорно се трошат на манипулативни обвиненија и задоволување на непотистички страсти.

Уште колку внуци, ќерки, роднини и партиски војници треба да влезат со новиот оглас од 30 лица кој што го распиша СЈО?

Дали роднинските или партиските врски се основниот критериум или се мери нивната политичка активност изминатиот период?

Очигледно СЈО планира со парите на граѓаните да вработува партиски или роднински подобни лица, па затоа нема да не зачуди ако во новиот оглас видиме некој шарен револуционер, твритер лик или партиски војник на СДС кои особено се покажале во деструкцијата и спроведувањето на партиската волја на Заев.

Едно е сигурно и овие 30 лица како и претходните ќе имаат за задача да консктруираат обвиненија по диктат од Партијата. Овие 30 лица ќе работат на оцрнување на партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ без никакви правни аргументи, со цел да ја дефокусираат јавноста од антидржавната и штетна политика на Зоран Заев“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166