Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска при експлозија во илегален рудник за злато во близна на колумбискиот град Лос Асијентос.
Како што соопшти Министерството за рударство на Колумбија, при експлозијата загинале четворица експерти за безбедност при работа и двајца консултатнти, кои се наоѓале во инспекција во рудникот.
Причините за експлозијата засега не се познати.
Во првите шест месеци од оваа година во Колумбија се случија 28 рударски несреќи, при што загинаа 23 лица, а 33 други беа повредени.