Македонија и Албанија есенва ќе одржат прва заедничка владина седница

Од:

Министрите за надворешни работи договорија оваа Есенва ќе одржи прва заедничка владина седница помеѓу Македонија и Албанија. Ова е договорено при денешната официјална посета на министерот за надворешни работи Никола Димитров на Република Албанија, на покана на својот домаќин шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати.

На средбата, министрите разговараа за повеќе прашања од заеднички интерес, со акцент на интензивирање и зајакнување на политичката, економска и особено инфраструктурната и енергетската соработка. Воедно, министрите договорија оваа есен да се одржи прва заедничка владина седница помеѓу Македонија и Албанија, како и одржување на редовни политички консултации по прашања од билатерален и регионален интерес.

„Беше реафирмиран и заедничкиот интерес за унапредување на состојбите во регионот и регионалната соработка, во духот на европските и евроатлантски вредности. Се разговараше за можностите за реализација на заеднички проекти со користење на средства од ИПА фондовите, особено во контекст на унапредување на интерконективноста. Министрите ја нагласија потребата од изградба на Коридорот 8, како и железничката пруга Кичево-Охрид, со крак до Лин. Беше потврден заедничкиот интерес за поскоро профункионирање на Мешовитиот комитет за економска соработка“, соопшти Министерство за надворешни работи.

За важноста на посетата зборува фактот што, ова беше прва билатерална средба на претседателот на Република Албанија, Илир Мета, по неговата инаугурација на 24 јули 2017 година. На средбата со министерот Димитров, претседателот Мета истакна: „Стабилна Македонија значи стабилност и за Албанија, просперитетна Макеоднија значи и просперитетна Албанија“, претседателот додаде дека двете држави треба да работат заедно секаде, да покажат соработка и солидарност.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски