АВ Охрид ќе игра во Втората АБА лига

Од:

Екипата на АВ Охрид ќе биде македонскиот во Втората кошаркарска АБА лигата.

Охриѓани во последен момент ја прифатија понудата да биде дел од ова натпреварување, откако претходно, Карпош Соколи, Работнички и Куманово ја одбија поканата да бидат дел од Втората лига на јадранското друштво која им следуваше според пласманот во домашното првенство.

АВ Охрид минатата сезона дебитираше во македонската елита и на крајот заврши како седмопласиран, враќајќи го по неколкугодишна пауза кошаркарскиот дух во бисерот крај Охридското езеро.

во следната сезона ќе има можност да ги одмери сите со дури два поранешни европски шампиони – екипите на Босна и на Сплит.

Покрај македонскиот претставник во првата сезона на ова натпреварување ќе играат и екипите на: Крка, Рогашка (Словенија), Зрињски (БиХ), Динамик, Борац Чачак (Србија), Теодо и Ловќен (Црна Гора).

Преостанатите два клуба ќе се добијат преку два квалификациски турнир, на кои ќе играат Слобода Тузла, Мркољиќ град и Широки Бријег, Лакташи, Приморска, Вршац и Сутјеска.

Пласман во АБА 2-лигата ќе обезбедат двете најдобри екипи.

Победникот во второлигашката конкуренција ќе обезбеди директен пласман во поквалитетниот натпреварување на АБА лигата, каде престојаната сезона ќе игра македонскиот првак МЗТ Скопје.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска