Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) објавија дека на 1 септември ќе формираат политичка партија.
– Склучивме мир за да учествуваме во политиката, изјави Иван Маркес, главен преговарач на Фарк.
Во ноември лани Фарк потпишаа мировен договор со владата на Хуан Мануел Сантос со што се стави крај на 53-годишниот конфликт. Припадниците на Фарк, околу 7.000 го предадоа оружјето на 27 јуни.
Мировниот договор склучен по 4-годишни преговори на Куба предвидува трансформирање на Фарк во политичка партија. Политичките ставови на партијата и името ќе бидат прецизирани во август на конгрес.