Копенхаген во најсилен состав против Вардар

Од:

Данскиот првак, Копенхаген, во Скопје ќе допатува во најсилен состав за првиот натпревар против Вардар во рамки од третото претквалификациско коло за Лигата на шампионите.

Тренерот на Данците, Стале Солбакен, го комплетираше тимот со враќањето на Микаел Антонсон, кој поради повредата на коленото не играше на дуелот против Рандерс.

Копенхаген ќе допатува во Скопје во следниот состав: Стефан Андерсен, Пиер Бенгтсон, Ерик Јохансон, Вилијам Квист, Бенџамин Вербиа, Урош Матија, Федерико Сантандер, Андрија Павловиќ, Николај Томсен, Микаел Антонсон, Јан Грегуш, Каспер Куск, Мадс Роерслев, Николај Боилесен, Јусеф Тоту, Робин Олсен, Михаел Луфтнер, Пиерос Сотириу, Дани Аманква и Ким Кристиансен.

Вардарци првпат оваа сезона ќе настапат пред својата публика во Скопје, откако мечот од претходното коло против Малме го одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Првиот дуел од ќе се игра утре на арената „Филип Втори“ со почеток од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска