Европската фудбалска федерација (УЕФА) го прифати барањето на македонскиот првак Вардар дуелот од втретото квалификациско коло за Лигата на шампионите против Копенхаген да се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Македонскиот шампион Вардар мораше да се пресели и да ги игра европските натпревари на стадионот „Младост“ во Струмица, поради европскиот Суперкуп, кој на 8 август ќе се одржи во Скопје.
Откако вардарци беа „принудени“ првиот меч во елитната лига против шведски Малме да го играат во Струмица, поради подготвувањето на арената „Вилип Втори“ за престојниот УЕФА Супер куп меѓу Реал и Манчестер Јунајтед кој ќе се игра на 8 август, вчера, вардарци испратија писмо до УЕФА и побараа мечот против Копенхаген да го играат на својот матичен стадион.
Од Нион одговорија позитивно на писмото, па фудбалерите на Седлоски ќе имаат можност за првпат оваа сезона да настапат пред својата публика на еден европски дуел.
Со цел теренот на Националната Арена, да биде подготвен за УЕФА Супер купот, има промена и во редоследот на одигрување на средбите меѓу Вардар и Копенхаген, па така првиот меч наместо во Данска ќе се игра во Скопје веќе во вторник 25 јули, а реваншот е седум дена подоцна во Копенхаген.