Вработен во Агенцијата за разузнавање, Кирил Тодоровски кој е обвинет во случајот „Титаник“ се жали што му е одземен пасошот и што треба да се јавува еднаш неделно во судот.
Неговата адвоката, Сања Алексиќ очекува да бидат укинати мерките за претпазливост бидејќи не биле наведени основите на сомнение за кривичното дело за кое Тодоровски се товари. Според неа, Кривичниот суд веќе еднаш одбил мерка притвор за обвинетиот, а истата била потврдена со одлука на Кривичниот совет.
Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски истакна дека на обвинетиот му се ставаат на товар две кривични дела со казни затвор од 3 години, околност која укажувала на можност на бегство. Тој додаде дека ниедна држава не би сакала човек обвинет за кривични дела да има во разузнавањето.
Обвинетиот додаде дека не мисли да бега. Инаку, Тодоровски се јавува како сведок во случајот „ТНТ“ за набавка на мерцедесот на екс премиерот Никола Груевски.