Кавадарци ќе им помогне на семејствата кои претрпеа штети од поројни дождови

Од:

Кавадарци ќе им помогне на семејствата кои претрпеа штети од поројни дождови во месеците јуни и јули, ваква одлука донесе Советот на општината на последната седница, која се одржа вчера попладне.

Со одлуката, се овластува Комисијата формирана со решение донесено од кавадаречкиот градоначалник, во содејство со Комисијата за финансии и буџет при локалната самоуправа, да извршат распределба на финансиски средства од локалниот буџет за 2017 година.

Помошта ќе се состои во доделување парични средства во висина од триесет проценти од проценетата вредност на штетата, согласно на записниците од увидот на лице место.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење