Капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров со својот гол го најави пресвртот на Вардар во дуелот со шведскиот Малме по кој македонскиот првак успеа да забележи победа со 3:1 во реванш мечот и да се пласира во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
За искусниот дефанзивец денешниот гол е најзначајниот што го има постигнато во својата богата кариера.
-Првите десетина минути игравме многу лошо, во грч, но потоа се подобривме. Примивме гол од пенал. Судијата не досуди пенал за нас во финишот од полувремето, но го оставивме тоа зад нас, одигравме храбро во второто полувреме и заслужено победивме. Овој гол ми е можеби најважен во кариерата бидејќи го давам во историски момент за Вардар. Пресреќен сум, одиме напред, не застануваме, на сите оние кои не веруваат во нас да им кажеме дека можеме уште подобро, изјави Бобан Грнчаров.
Грнчаров не го криеше задоволството по големата победа, потенцирајќи дека пласманот во следната рунда е најважното сега.