Екологистите од Тетово бараат чистење на депонијата и дислокација на претоварната станица

Од:

Од Иницијативата „За чисто Тетово“ денеска преку прес-конференција на локацијата кај дивата депонија на влезот од градот реагираа што општинските власти се уште не изнашле решение за чистење на депонијата и за дислокација на претоварната станица за отпад.

– Имавме ветувања дека претоварната станица ќе се дислоцира далеку од градот и со тоа ќе престане агонијата која со години наназад ја нагрдува сликата за Тетово. Колку вреди зборот на еден градоначалник, колку вреди зборот на општинските власти? Сликата и миризбата кажуваат се. Граѓаните негодуваат, се гушат во неподнослива миризба која сега за време на високите летни температури е уште поинтензивна, изјави Борис Стојановски од ГА „За почисто Тетово“.

Минатата недела градоначалничката на Општина Тетово ја отвори претоварната станица за смет лоцирана на само неколку километри од градот и рече дека со нејзината работа ќе се ублажи проблемот со сметот во градот, а во меѓувреме најави дека екипи на Јавното комунално претпријатија „Тетово“ ќе работат на отстранување на сметот од дивата депонија.

Би можело да ве интересира

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Пожар на депонијата „Краста“

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии