Обединетите нации соопштија дека производството на кока во Колумбија е зголемено на ниво кое претходно не е регистрирано.
Според извештај на ОН, лани на околу 146.000 хектари во Колумбија е засаден лист на кока што е основна сировина за кокаин. Тоа е зголемување од 52 отсто во однос на 2015 година.
Најновиот извештај потврдува наоди од март според кои, производството се зголемува во таа јужноамериканска држава. Еден од факторите бил и престанокот на запрашување од воздух. Потенцијалното произвдоство на кокаин е зголемено за 34 отсто на 866 метрички тони, се наведува во извештајот.