Во Гевгелија измерени 40 степени, утре попладне се очекува нестабилно време со локални дождови

Од:

Најтопло со 40 измерени степени денеска било во Гевелија. Според мерењата на УХМР во Демир Капија температурата достигнала до 39 степени, Струмица 37, Виница, Битола и Скопје 36, Штип и Прилеп, 34 Скопје – Петровец, Тополчани, Претор, Тетово и Охрид, 33 во Берово, 32 во Крива Паланка и Пожаране до 30 степени во Маврово, Лазарополе и Ѓуриште.

Времето ќе се задржи до крајот на денот сончево и топло во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северoзападен ветер, кој вдолж Повадарието и источните делови ќе се засилува. Ув индексот изнесува 9.

Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8 Минималната температура од 11 до 20, а максималната ќе се движи од 27 до 35 степени.

Во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.Температурите ќе се движат од 17 до 32 степена.

Од утре попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски