Апелација одлучува по жалбата на Ѓоко Поповски

Од:

Апелациониот суд одлучува по жалбата на помошникот министер во МВР задолжен за набавки, кој е осомничен во случајот „Триста“, Ѓоко Поповски, за набавка на 300 полициски возила.

Во судот дојде Поповски заедно со неговите адвокати, Боро Тасевски и Димитар Данков, а од Специјалното обвинителство застапници на обвинението се Стевчо Донев и Гаврил Бубевски.

Судија известител за предметот е Лилјана Ивановска Шопова, а во советот членуваат и Јани Нича и Африм Фидани.

СЈО останува на ставот за притвор на Ѓоко Поповски, и сметаат дека жалбата на одбраната не е основана.

Во однос на жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање на патната исправа, Стевчо Донев од СЈО укажува на имотната состојба на обвинетитот, односно дека тој има доволно средства да живее и во странство.

-Овде е само нафрлена ситуацијата со моето семејство. Јас сум под разноразни стресови, а причинети од влегувањето во судот. Сите мои патувања се со семејството, а немало службени патувања од пред четири години. Во однос на СЈО, сите документи кои ги побарале ги добиле. Во однос на тоа дали сум сторил кривично дело, јас мислам дека не, бидејќи само ја имам уважено одлуката од комисијата на МВР, рече Ѓоко Поповски.

Адвокатот Боро Тасевски изрази жалење во име на обвинетиот, односно укажа дека постојат сериозни повреди на неговите права.

-Предлогот за определување за притвор кој е доставен до судот, не е доставен до одбраната. Овие повреди продолжуваат бидејќи обвинетиот не бил во можност да се произнесе пред првостепениот суд.

Елементите за неговото патување во странство, семејната состојба и материајлна состојба ние ги прифаќаме и ги гледаме како докази кои не одат во прилог за мерката притвор или изречената мерка одземање на патните исправи. Од овие причини сметаме дека предлогот на мерката притвор и изречената мерка не се во прилог, бидејќи фактите укажуваат дека обвинетиот не може да избега, рече Тасевски.

-Целта што сме тука е да го чуете нашиот глас и да го видите обвинетиот. Јас разбирам зошто СЈО бара притвор и претпоставувам дека се е поинаку ако биде прифатен обвинителниот акт за обезбедување присуство. Но нема причини за мерката притвор. Во однос на мерките за претпазливост, мислам дека судот е изложен на притисокот на обвиненијата поднесени од СЈО. Судот не наведе ниту една основа за мерката претпазливост, ниту една околност која укажува дека обвинетиот ќе избега. Се молам никогаш да не се најдам во својство на обвинетиот Ѓоко Поповски, рече вториот член на одбраната, Димитар Данев.

Случајот „Триста“ беше презентиран од СЈО на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека се работи за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов