Четири натпревари од второто квалификациско за фудбалската Лига на шампиони се одиграа вчеравечер, а веќе голем исчекор кон следната рунда направија претставникот на Азербејџан, Карабаг и австрискот првак Салцбург.
Резултати:
Карабаг – Самтредиа 5:0,
Хибернианс – Салцбург 0:3,
Партизан – Будуќност 2:0 и
Ријека – – ТНС 2:0.
За денес се предвидени 12 дуели меѓу кои и гостувањето на македонскиот шампион Вардар кај Малме во Шведска.
Реваншите се на 18 и 19 јули.