Здружението на приватни матични лекари од Куманово бара законски измени за подобрување на нивното работење

Од:

Претставници од Здружението на приватни матични лекари од Куманово доставија писмо до Министерството за здравство во кое се опфатени повеќе барања и предлози за измени на законски решенија со кои, како што посочија, ќе се подобри работата на приватните матични лекари, соопшти денеска координаторот на Здружението, Фатмир Асани.

Посочи дека приватните лекари од Куманово бараат одредени измени меѓу нив се пререгистрација на пациентите и лиценцата на лекарите на име на приватната здравствена установа, додавајќи дека на овој начин се штеди на време и се добива поголема можност за едукација на пациентите.

Ако не е извршена регистрација, појасни, пациентот не го примаат на лекување ниту во секундарното, ниту во терцијарното ниво на здравствена заштита

– Второто барање е сите лекови кои ги пишуваме да бидат на парче, по број, бидејќи на пациентот му пишуваме терапија за еден месец, а не за 20 дена треба да препишуваме со 2 до 3 кутии, Фондот ни го дозволува тоа, но пациентите не можат да ги набават лековите во аптеките. Бараме или да се зголеми бројот на таблетите во пакувањето или да можеме да го препишуваме лекот, по број на рецепта за да не губат време пациентите одејќи кај матичните лекари, рече Асани.

Нагласи дека приватните матични лекари од Куманово бараат покрај генеричкото да стои и фабричкото име на одреден лек, бидејќи, како што истакна, се случува пациентите да имаат ист лек со различно име и поради забуна да ги пијат во истовреме, со што си предизвикуваат одредени здравствени проблеми, најчесто со желудникот…

Кумановските лекари бараат укинување на казните кон лекарите, зголемување на квотата за препишување на лекари, со кои велат, ќе се излезе во пресрет на пациентите. Здружението на приватни матични лекари од Куманово бара целосно искористување на електронските картички и побрзо издавање на нови.

Надлежните од Здружението очекуваат од Министерството да ги разгледа нивните барања.

Би можело да ве интересира

Вработените во јавното здравство добиваат повисоки плати

Катерина Ѓуровски

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи