Г-20 бара отстранување на екстремистички содржини од интернет

Од:

Лидерите на државите од Г-20 се согласија дека интернет провајдерите треба да воведат нова технологија и обука на вработените за да се откријат и прекинат екстремистички содржини од интернет.

На Самитот во Хамбург тие се договорија заедно да работат и да се консултираат за новите терористички закани во воздушниот сообраќај. Таков план и ветувања се изнесени во соопштение за борбата против тероризмот, кое го издаде германската Влада.

Лидерите соопштија дека ќе се обидат да се изборат за законски и неарбитрарен пристап до сомнителни податоци кога е загрозена национална безбедност, додавајќи дека владеењето на правото се применува и на интернет и надвор од него.

Би можело да ве интересира

Г20 има нова членка

Кина е против исклучување на Русија од Г20

А1он

Лидерите од Г-20 ветија климатска неутралност до или околу средината на овој век

Ана Ололовска

АНСА: Г-20 постигна договор за ограничување на затоплувањето за не повеќе од 1,5 степени

Ана Ололовска

Шефот на американската дипломатија во Рим ќе разговара со својот кинески колега

Ана Ололовска

Шефот на ОЕЦД го поздрави даночниот Договор одобрен на Самитот на Г-20

Ана Ололовска