Познат хор од Атина со благослов на атинскиот архиепскоп пееше во Бигорски

Од:

Првпат во вековното постоење на манастирот „Свет Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, со благослов на атинскиот архиепископ, на бдението во чест на сечесниот спомен на Рождеството на патронот и небесен застапник, на Бигорскиот манастир, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован, пееше познат хор од Атина.

Со сеноќно бдение чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со братството од Бигорскот манастир и сестрите од манастирот „Свети Георгиј Побрдоносец“ од Рајчица.

Ова, оценуваат од бигорската обител, е еден особено важен чекор во надминувањето на несогласувањата помеѓу двата братски народа и голем израз на љубов.

– Сведоци сме на едно неповторливо торжество на љубовта, бидејќи со прославата на манастрската слава на „Свети Јован Крстител“, сите ние учествувавме во нешто што никој не можеше да го направи, а тоа е да соедини два народа, кои меѓу себе имаат некои свои недоразбирања, да ги соедини преку верата, преку словото на вистината кое извира од православието. Најважно од се е да ги соедни преку љубовта. Мисијата на МПЦ-ОА и ГПЦ, во нашето постоење, е да ги помири и обедини нашите два народа, рече отец Бобан Митевски.

Се се случува, вели отец Митевски, благодарение на заложбите на игуменот Архимандрит Партениј, кој вложува големи напори во соеднувањето на двата православи народа. Отец Партениј тоа го нагласи и во неговата беседа.

– Се надеваме дека набрзо ќе дојде и времето кога без никакви пртисоци ќе можеме непречено и почесто да се среќаваме во заедничкиот литургиски живот. Да се помолиме, Бог да им испрати просветление на оние од кои зависи решението на проблемот, во прв ред на архиереите, та што побрзо да се надмине оваа несфатлива сосотојба со нерешени проблеми од управен карактер, која трае со години и им причинува рани на верните православни Христијани, порача меѓу другото во беседата анхимандрит Партениј.

Радоста од овој настан, не ја криеа и големиот број верници кои престојуваа во Бигорскиот манастир и присуствуваа на бдението и денешната Свечена литургија, велејќи дека на овој начин се зацврстува православието.

Празникот посветен на раѓањето на Свети Јован Крстител се празнува како втора слава на Бигорскиот манастир, заедно со празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, што се одбележува на 11 септември.

Би можело да ве интересира

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска

Филмот „1000 години сведок на светлината“ на Илија Ико Каров утре ќе се емитува во Рим

Ана Ололовска

Бигорски ги објави текстовите на возобновените божиќни и новогодишни каланди

Ана Ололовска

Бигорски манастир со вонредно соопштение за богослужбата за Света Пасха

Ана Ололовска

Делегација од Бигорски, Рајчица и Пречиста на средба со митрополитот г. Тимотеј

Ана Ололовска