Се поставува конструкцијата на која ќе се закотват сплавовите на кејот на реката Вардар.
Еден од бродовите, ќе биде поставен спроти Музејот на македонската револуционерна борба, каде веќе се оградува просторот и се подготвува инфраструктурата.
Вториот брод се планира да биде лоциран спроти Министерството за надворешни работи.
Бродовите ќе претставуваат ресторани, за кои сопственикот „Фаланга“ доби дозвола за користење за наредните 10 години. За возврат ќе треба да му плаќа на градот месечна кирија од 1.200 евра.