(ВИДЕО) Манојловски: И хомосексуалците се луѓе, заслужуваат еднакви права

Од:

Пратеникот од редовите на ДУИ, Бранко Манојловски, побара промена на односот кон хомосексуалците и на нив да се гледа како на нормални луѓе кои се вредни да придонесуваат за општеството.

– Хомосексуалците треба да уживаат поголеми права и да се урнат стереотипите кои континуирано се поддржуваат во традиционалните балкански земји, вели Манојловски додавајќи дека има многу пријатели кои се хомосексуалци кои се вредни и чесни.

– Ние не можеме да го измениме тоа што постои, во сите држави, па и кај нас. Сакале или не, тие ќе бидат дел од иднината, дали го прифаќаме тоа или не, рече Манојловски.

Манојловски истакна дека ова е негов личен став и дека не го кажува ниту од името на СДСМ, ниту пак од името на ВМРО-ДПМНЕ или ДУИ. Тој појасни дека не се работи за политичка тактика туку за едно сензитивно прашање на лична определба.

На прашањето дали тој е хомосексуалец, Манојловски одговори дека е хетеросексуалец, кој е оженет и татко на два сина и една ќерка и доколку некое од неговите деца се одлучило да биде хомосексуалец исто би го сакал како и другите.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ДУИ: Нов договор – втор по ред со нови сомнежи за Бурим Латифи кој е повторно во центарот на скандалот во МЕПСО

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

ДУИ: Бараме итна истрага за Бурим Латифи за штетата од шест милиони евра во МЕПСО

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари