Четврто издание на ФРИК Фестивал

Од:

На 25-ти и на 26-ти декември во Скопје ќе се одржи четвртото издание на ФРИК ФЕСТИВАЛ.

Во рамките на ова издание својата светска премиера ќа ја има долгометражниот документарен филм МЕТРОПОЛИС (САД) во Кинотека на Македонија на 25.12.2012 со почеток во 20 часот.

Вечерта ќе биде придружена со интернационална селекција на видеоарт и експериментален филм во галеријата на кинотеката.

МЕТРОПОЛИС е филм што или ќе ја промени вашата замисла за урбаната реалност ќе ве потсети на итноста со која мора да донесеме конечен избор: да продолжиме по оваа патека или засекогаш да ја напуштиме. Филмот е во продукција  на Tides of flame и ги анализира превозниот систем, водоводната мрежа, увозот на храна и електричната мрежа.

Го открива внатрешното функционирање на четирите главни корпорации, детално ја образложува хиерархијата на државата и, воедно, ja истражува секојдневната комуникација меѓу луѓето што се случува низ улиците на градот.

Филмската програма на фестивалот е поддржана од министерството за култура на Р. Македонија.

Следниот ден, среда 26.12.2012 во Кино Фросина со почеток од 20 часот гостува извонредната претстава: „Кабаре, Зад огледалото“ во продукција на РЕКС центарот и СЛОБОДА ПРАВА од Белград, Србија по што ќе следи коктел со музички избор  на Славјан Стварно Стојанов.

„Кабаре: Зад огледалото“ е иницијатива родена во зимата, 2011 година, од група на трансродови сексуални работници од Белград.

Уникатна е по тоа што не ја дефинира формата или медиумот, по тоа што ги поврзува уметниците и сексуалните работници во опишувањето на социјалните, политичките и правните рамки, кои влијаат на општествениот статус и на животот на оваа маргинализирана група и, конечно, по тоа што бара од јавноста да се вклучи во поширока расправа за прашањата поврзани со човековите права.

Гостувањето на претставата е поддржано од фондацијата Отворено општество Македонија.

 

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ